Бизнис
15. April 2021 - 16:45

Угостителите излегуваат на улица идната недела, ќе протестираат додека не се најде решение

Од следната недела угостителите повторно излегуваат на протест.  На улица ќе останат се додека не бидат прифатени нивните барња за спас на секторот. Велат дека се доведени во ситуација во која повеќе немаат простор за чекање. Дел од нивните колеги ги губат објектите и куќите поради долгови кон банките.

Бараат еднократна помош и грантови од 300 илјади до 1 милион денари. Сметаат дека ваквите мерки во моментов може да помогнат  да ги задржат бизнисите и вработените.

За нив е неприфатлив предлогот на Владата да им се надомести дел од приходите кои угостителите ги пријавиле последните три  месеци до моментот кога работеле. 

Организаторите на свадби  не работат повеќе од една година, а  останатите угостители од пред извесно време повторно се комплетно  затворени.