Македонија
28. May 2020 - 19:47

Угостителите ги отворија локалите во Охрид, плажите остануваат затворени

Плажите долж охридското езеро сеуште затворени за посетителите. Само мал дел од нив  и тоа претежно оние во градот ги отворија летните тераси а останатите велат дека  во најскоро време ќе стартуваат со работа согласно протоколите за заштита од корона вирусот. Оние пак кои ги отворија вратите ги дочекаа првите гости.

Келнерите, како и сите работници во локалите, носат маски, раквици, на масите кои се разделени на определено растојание има дезинфекциони средства.

Оние што избраа да одат во нивното омилено место , генерално, седат сами, додека оние кои се во друштво заземаат места кои одговараат на пропишаните мерки.

Угостителите долж охридската ривиера кои ќе работат до 22 часот подготвени ги дочекаа своите гости, како и повторното отворање на кафулињата и рестораните.