Уганда промовира „секс туризам“
Туризмот во Африка, иако во последните неколку години е во постојан пораст, Уганда дури минатата година одлучи да се активира, кога ја посетија два милиони туристи.
Оваа година, пак, се очекуваат три милиони туристи, а покрај националните паркови, гастрономијата и бурниот ноќен живот, Уганда одлучи да промовира уште една „атракција“.
Министерот за туризам Годфри Киванда го претстави новиот проект за промоција на туризмот, под името „Мис облини“, со цел да се покажат неверојатните еротски атрибути на локалните жени, со цел да се подобри имиџот на земјата во светот.
Голем број организации веќе го обвинија министерот дека жените ги третира како предмети и промовира „секс туризам“, а кампањата пред се е навредлива за жените кои живеат во земјата.
Освен тоа, главниот град Кампала е град кој никогаш не спие, па покрај одличните ресторани, клубови, барови и природни атракции, како што се горилата, националните паркови и реката Нил, не е воопшто потребно да се промовира „секс туризам“.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници