-->
-->
УЕФА и ФФМ разговараа за нови проекти и изборното собрание
-->
Раководството на Фудбалската федерација на Македонија предводено од претседателот Муамед Сејдини и генералниот секретар Филип Поповски денеска во швајцарски Нион, во седиштето на УЕФА, одржаа работен состанок со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин и директорот на Национални асоцијации на УЕФА, Зоран Лаковиќ.
На покана од првиот човек на Европската фудбалска асоцијација Александар Чеферин, претседателот и генералниот секретар на ФФМ на состанокот разговараа за актуелните случувања во македонскиот фудбал, поддршката од УЕФА за важните развојни проекти на ФФМ, како и за учеството на македонската репрезентација на Европското првенство.
- УЕФА и претседателот Александар Чеферин сметаат дека успехот и напредокот на ФФМ под водство на Муамед Сејдини е исклучително значаен. Цврсто веруваат во нашата стратегија и искрено нѐ поддржуваат. Успесите се резултат и на доброто раководење и грижата за македонскиот фудбал.
Упатените топли зборови за успехот на нашата репрезентација и пласманот на Европското првенство претставува гордост за нас и ни дава дополнителна енергија и ентузијазам во пресрет на натпреварите од ЕУРО 2020.
Исто така, за нас е многу значајно што УЕФА и претседателот Чеферин даваат безусловна поддршка на ФФМ во организацијата на Генералното изборното собрание, напоменувајќи дека истото мора да биде независно и без влијание.
Во изборот на ново раководство на ФФМ не може да влијае ниту УЕФА ниту ФИФА, како што не може да влијае ниту политиката. Тоа би било спротивно на статутите.
Нашата федерација ќе продолжи да го дава својот придонес во сегашните и идните проекти на УЕФА, кој се секогаш усмерени во корист на европскиот фудбал. Благодарност до претседателот Чеферин пред сѐ затоа што го штити и развива фудбалот. На тој пат секогаш ќе ја има нашата поддршка, изјави Муамед Сејдини, претседател на ФФМ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МЗ: Уште една трансплантација на органи од починат донор е извршена на 9 август
-
Цела ноќ се водеше битка со огнените јазици во повеќе делови на Грција – повредени 15 пожарникари
-
Во матичните амбуланти во Велес зголемен бројот на болни од стомачен вирус
-
Возел пијан и удрил во малолетничка па го напуштил местото, приведен возач во Македонска Каменица
-
Орбан: Украинците ја загубија војната, Русија победи, единственото прашање е кога Западот ќе го признае тоа
-
Приведен 55-годишен скопјанец, со камења фрлал по хеликоптер додека полнел вода за гасење пожар
-
ЦУК: Активни три пожари на отворено од 33 изминатото деноноќие
-
Собраниската Комисија за изборите и именувањата ќе формира Комисија за селекција на кандидати за претседател на ДКСК