Фудбал
3. May 2016 - 13:41

УЕФА го прими ФС Косово во своето членство

УЕФА на својот конгрес во Будимпешта го прими Косово како 55-та членка  со што  репрезентацијата на оваа земја најверојатно ќе игра во следниот квалификациски циклус за СП. 

Според информациите од Будимпешта вкупно 28 членки го дале својот глас на тајно гласање за прием на Косово откако претходно не поминал обидот да се смени статутот. 
Сега се очекува прием на Косово и во ФИФА а претходно беше извршен прием и во МОК. 
Оваа одлука според ФС на Србија значи прекршување на статутот на УЕФА бидејќи Косово не е рамноправна членка во Обединетите нации.