Фудбал
13. July 2021 - 18:25

УЕФА го обрави најдобриот тим на ЕП

Два дена по завршувањето на Европското фудбалско првенство, на кое триумфираше Италија, УЕФА денес официјало го објави изборот на најдобрите 11-мина. 
 
Очекувано во најдобриот тим на првенството се петмина членови на новиот шампион Италија, а три од финалистот Англија
 
Голманот на Азурите, Донарума кој беше прогласен и за најдобар играч на турнирот заедно со сонародницитре Бонучи и Спинацола, односно Англичаните Вокер и Мегвајер го сочинуваат одбрамбениот избор на ТОП 11. 
 
Во средниот ред друтво на Жоржињо од Италија му прават Данецот Хојбјерг и  Педри од Шпанија, додека најдоброто напаѓачко трио во изборот на УЕФА го сочинуваат Италијанецот, Киеза, Лукаку од Белгија и Стерлинг од Англија. 
 
Интересно е што во изборот ги нема најдобрите стрелци на првенството Португалецот, Кристијано Роналдо и Партик Шик од Чешка кои постигнаа по пет голови