Македонија
18. March 2024 - 16:35

Училиштата немале оправдана цел зошто донеле правилник како треба учебници да дојдат

Комисијата утврдува дискриминација доколку се исполнети условите од легислативата како што е во случајот со трите училишта во Штип, Прилеп и Струмица, кои забраниле влез во училиште со несоодветна облека. Опасноста од злоупотреба секогаш постои но претседателот на комисијата вели тие не гледаат на таков начин при одлучување.  Во овие предмети била погодена поголема група на граѓани, ученици на кои со правилникот им се забранило присуство на настава што е спротивно на законот и уставот.

Во овој случај - Не ги погаѓаа подеднакво сите ученици. Имање долги нокти без да се образложи што значи тоа, носење на куси здолништа, кратки маици или пирсеви.

Кога побаравме образложение не можеа да најдат училиштата. Од друга страна немаше оправдана цел зошто се носи Д ани се каже што се случува со тие што нема да ги почитуваат, препорака не е туку правила, кршење на уставно право 

Од коалицијата Маргини кои се подносител на една од претставките, велат доколку училиштата сметале дека одредени правила ќе значат дисциплина требало да ги донесат во инклузивна процедура заедно со учениците. На овој начин непропорционално се погодени особено девојчињата.

Сите три училишта веќе постапиле во рокот кој им бил даден и извршиле измени на одредбите за што ја известиле комисијата. Иако препораката е упатена кон нив, таа е општа и се однесува до сите училишта кои би ограничиле на било каков наччин да се посетува настава.