Ученици од Кочани ќе реализираат практична настава во ЕВН Македонија
СОУ „Гошо Викентиев“ од Кочани потпиша договор за соработка со ЕВН Македонија, со што учениците ќе можат да реализираат практична настава.
На работната средба со претставници од компанијата, раководниот тим на техничкото училиште и учениците се договорија изучувањето на практичниот дел да се реализира во подружницата на ЕВН Македонија во Кочани.
- Практична настава во објектите на ЕВН ќе имаат учениците од трета и четврта година кои се школуваат во струката електротехничар енергетичар. Нивната пракса на терен ќе започне по завршувањето на теоретската настава во месец јуни, а за тоа ќе добијат и финансиски надоместок, истакна директорот на СОУ „Гошо Викентиев“, Гоце Савев.
На пазарот на труд кај нас има недостиг од стручни кадри од областа на енергетиката, поради што практичната обука ќе им помогне на завршените средношколци полесно да најдат вработување.
Договори за реализирање практичен дел од наставата, кочанското средно училиште веќе има потпишано и со компаниите „Амфенол“, „Водовод“ и „Руен Инокс Аутомобиле“.
Ново на Сител
-
Пронајден телефон кај осомничениот за сообраќајката, контрола во затворот и најава за дисциплинска постапка
-
Тема на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Со повисоки казни до поголема безбедност во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија судски пресуди
-
Три обвинителства немаат обвинители – Само една третина од службеничките места се пополнети
-
Преполовен прометот на маркетите по вчерашниот бојкот
-
Земаат плата, а не одат на работа – Ревизорите со години детектираат вакви проблеми во институциите
-
СДСМ: Дали ќе го чекаме Косово на патот кон ЕУ?