Крушчиќ најверојатно е убиен поради деловни односи со припадници на шкаљарскиот клан и тоа од пиштол марка „глок“ калибар 9 мм.
За решеноста на убецот крвавиот план да го спроведе до крај укажува и податокот дека Крушчиќ, ранет се обидел да побегне, но по два-три метри паднал во тревата. Убиецот тогаш му приоѓа и во него испукува уште куршуми, а потоа заминува по истиот пат од каде дошол.
Новинарката Јелена Ковановиќ која седела со Крушчиќ во таа прилика си ја повредила главата од стаклото кое се скршило во моментот додека се обидела да се скрие од егзекуторот. Насобраните станари од зградата и гостите во локалот, се обиделе да му пружат помош на Крушчиќ кој дава знаци на живот и во моментот кога стигнала итната помош.
Додека лекарите се бореа за неговиот живот, истражителите добиле дојава дека возило марка „голф“ е запалено не Ќемовско поље. Веднаш им било јасно за што станува збор. По истиот рецепт како во многубројните ликвидации кои се случија во изминатите години убиецот со најмалку еден помагач, побегнал со автомобил од самото место, а потоа го полеал со бензин и го запалил. Се верува дека побегнале со друго возило.
Инаку, Крушчиќ барал состанок со новинарката, за да и го изложи проблемот во врска со закупениот дел од плажата Прстено, и пријавата која наводно инспекцијата ја поднела против него.