Свет
28. September 2015 - 17:32

Убиствена елита: Ова се осумте најсмртоносни специјални единици на светот

Ова се осумте најсмртоносни специјални единици на светот

Елитните специјални единици во секоја држава ги сочинуваат најобучените војници кои таа земја ги има. Тие одат таму каде што другите војници несмеат, откриваат потенцијална опасност и закана, елиминираат стратешки мети и извршуваат храбри мисии. Ова се најдобри од најдобрите.

Иако е тешко да се рангираат, бизнис инсајдер објави листа на најдобрите специјални единици:

Пакистанските „црни штркови“Специјалните сили на пакистанската војска се познати како „црни штркови“ поради единствените шлемови што ги носат командантите. Нивниот тренинг вклучува марш од 50 километри, кои мора да се минат за 12 часа, како и спринт од 8 километри, кои под полна опрема мора да ги истрчаат за неверојатни 40 минути.

Во октомви 2009 Спешл сервисис груп (ССГ) извеле една од најневеројатните акции на спасување, кога влегле во бизнис зграда која ја окупирале талибанци.

Сите 39 заложници биле спасени, а сите терористи ликвидирани.

Шпанските специјалци настанале од алпинисти

Шпанските специјалци (Unidad de Operaciones Especiales) веќе со децении претставуваат една од најдобрите европски единици.

Основани како волонтерско воено здружение во 1952 година, и тоа од членови на тогашниот клуб на алпинисти, со годините израснале во една од најценетите специјални сили на Стариот континент.

За да станат членови на оваа елитна група, кандидатите минуваат низ неколку „кругови на пеколот“. Од десет пријавени регрути се одбиваат дури 8.

Алфа групата од Русија

Дефинитивно една од најдобрите специјални единици во светот.

Оваа антитерористичка група ја основала специјалната служба КГБ во 1974 година. Денес служат во рамки на Федералната служба за безбедност (ФСБ).

Алфа единицата преставува најелитен дел од руските специјални сили. Најтешките и најризични задачи, како опсади и организирани терористички напади им се доделува на нив.

Сѐ уште се памти нивната молневита реакција со која неутрализирале бомбашки напад врз амбасадата на САД во Москва во 1979 година.

Француската „група на сенки“

Малку специјалци во светот можат да се мерат со француската Жандармерија (ГИГН). Групата е составена од 200 специјално тренирани специјалци подготвени за најтешките и најнепредвидливи ситуации.

Од 1973 година ослободиле над 600 заложници во неколку десетици кризни ситуации. Според францускиот закон, забрането е да се откриваат нивните имиња и фотографии.

ГИГН претставува своевидна „група на сенки“, кои се појавуваат само кога треба да се реши кризна ситуација. Една од нивните најблескави интервенции се случила во 1979 година кога била заземена Големата џамија во Мека. Поради тогашната забрана за влегување во Мека за сите што не се муслимани, специјалците го прифатиле исламот, влегле во Мека и им помогнале на саудиските сили за безбедност да ги ослободат заложниците.

Израелската Сарејет маткал

Израелските специјалци имаат малку пошироки задачи од своите колеги од листата. Нивната примарна задача е шпионажата, односно собирањето информации, кое често се врши зад непријателските редови, па дури потоа антитерористички активности.

Секој што сака да стане член на оваа единица се испраќа во кампот Гибуш каде минува низ страшен психофизички тренинг, под постојан надзор на лекари и психилози. Во кампот се оди на лична одговорност, а регрутите потпишуваат документ со кој го потврдуваат доброволното влегување во програмата.

Сѐ уште се прераскажува нивната акција за спасување на таксистот Елијаху Гурел. Несреќниот Израелец бил киднапиран откако возел четворица Палестинци во Ерусалим. Припадниците на Маткал го нашле закопан во дупка длабока 20 метри, во напуштена фабрика во периферија на Ерусалим.

Британските САС: Кој ќе се осмели, успева

Мотото на британските специјални сили е „Кој ќе се осмели – тој ќе успее“. Нивниот придонес на американската инвазија на Ирак беше оценет како „непроценлив“.

Кога не им помагаат на американските колеги во нивните акции низ светот, спречуваат антитерористички акции на територијата на Велика Британија.

СБС: Британски специјалци голи во срцето на прашумата

Специјалните сили на британската морнарица претставуваат еквивалент на американските „фоки“. Припадниците се бираат според екстремно строг критериум. Еден од нивните кампови се наоѓа во прашумите на Бразил.

Кандидатите голи, без парче облека на нив, се оставаат во срцето на прашумата цели 96 часа. Кој ќе преживее, оди на следното ниво. Тоа е психолошкото тестирање, каде се подложени на сурови методи на испрашување. Кој ќе го мине и тоа, може да се пофали дека е припадник на СБС.

Славните американски морнарички „фоки“

Секако една од најценетите специјални единици во светот, и тоа сосема заслужено.

„Фоките“ се „кремот“ на американската војска. Нивниот тренинг изгледа застрашувачки: 42 склека, 50 чучнувања и 2 претрчани километри. И сето тоа за 11 минути.

Ова е стандардниот тест за физичка подготвеност кој секој кандидат мора да го мине пред воопшто да се почне со неговото тестирање, со кое се утврдува дали е „погоден материјал“.