Убиен поранешен ММА борач во Ново Мексико
Поранешниот ММА-борач Тајлер Ист бил застрелан со огнено оружје и убиен вчеравечер во Ново Мексико (САД), соопшти полицијата. Тој имаше 30 години.
Како што соопштија надлежните, полицијата синоќа одговорила на повик за семејно насилство во предградието на Албукерки – Лос Лунас. Кога полицајците пристигнале, го пронашле Ист мртов, и уште една жена со прострелна рана.
Според првичните сведоштва, Ист ја застрелал својата девојка и ја извлекол од куќата, пред неидентификуван маж да пука во него, по што спортистот починал. Осомничениот за убиството на Ист избегал од местото пред пристигнувањето на полицијата.
Жената, чие име не се соопштува, е згрижена во болница и е во стабилна здравствена состојба.
Инаку, Тајлер Ист беше познат во борбите во тешка категорија. Неговата последна борба беше во Легаси ФЦ 60, 2016 година. Тој му беше брат на поранешниот борач Коди Ист. Тајлер лани бил уапсен, под обвинение дека украл пари од банкарската сметка на неговиот мртов дедо и, за спротивставување при апсење. Според „ММА Џанки“, тој бил повеќепати пријавуван и за семејно насилство.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица