Убиецот од Ел Пасо призна дека цел биле Мексиканци
Патрик Крузиус, мажот обвинет за смртоносниот напад во американскиот град Ел Пасо, при предавањето на полицајците рекол дека е виновен, а подоцна признал и дека цел на нападот биле Мексиканци.
Во полицискиот извештај за апсењето на 21-годишниот Патрик Крузиус се наведува дека тој рекол дека е напаѓаот, откако со кренати раце излегол од возило, запрено на крстосница, веднаш по саботниот напад во стоковната куќа Волмарт во Тексас.
Крузиус подоцна се согласил да разговара со инспекторите и им рекол дека во Ел Пасо пристигнал од предградие на Далас – каде што живее, и дека Мексиканците биле цел на неговиот напад.
Во нападот загинаа 22 лица, а повредени се околу 25. Многу од убиените имаа хиспано презимиња, а осум жртви имаат мексиканско државјанство.
Властите веруваат дека непосредно пред нападот, Крузиус поставил на Интернет расистички текст, во кој тој се спротивставил на напливот на Латиноамериканците во САД. Ел Пасо, град на границата на САД со Мексико има население од околу 680,000, каде има бројна латиноамериканска популација.
Ново на Сител
-
Околу 2 илјади лица на раб на егзистенција
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Изет Меџити, од Демократско движење
-
„Велигденски Кули“ - Најуникатниот обичај во Македонија
-
Почина папата Франциск
-
Папата Франциск - Единствен кој ја посети Македонија
-
На предлог-извештајот на Вајц за земјава поднесени 313 амандмани
-
Синдикатот на културата утре излегува на протест