Живот
27. August 2015 - 12:15

Убиецот кој на Бетмен премиерата уби 12 лица доби 3318 години затвор

Џејмс Холмс кој уби 12 лица а 70 рани во кино сала во Денвер - Колорадо е осуден на 12 доживотни затворски казни или вкупно 3318 година затвор.
 
Намерата на судот е осудениот никогаш повеќе да не излезе на слобода. Ако постоел случај во кој осуденикот заслужува максимална казна тогаш тоа е овој случај, тој не заслужува никакво сочувство - рече судијата.
 
Преживеаните и роднините на убиените со аплауз ја поздравија пресудата. За пукањето во кино салата, Холмс беше обвинет по сите 165 точки од обвинението.
 
27 годишниот Холмс пред три години фрли солзавец во кино салата каде се прикажуваше премиера на Бетмен филмот,  а потоа почна да пука по посетителите, додека слушаше техномузика за да не ги слуша врисоците на жртвите.
 
На главата имаше кацига, а на телото непробоен елек.