Ракомет
23. January 2018 - 11:36

Убави вести од Хрватска: Кире Лазаров во составот за Чешка!

Раул Гонзалес не ја искористи втората и последна замена во оваа главна фаза од Европското ракометно првенство, што значи Кире Лазаров останува во екипата. Тоа не значи по автоматизам и дека ќе игра со Чешка, вечерва од 20.30 часот.

Македонскиот капитен до утрово беше во Загреб на прегледи и третмани и, веројатно, до натпреварот нема да се знае дали ќе биде способен да игра. Претходно, селекторот Раул Гонзалес најави дека за него првенството е завршено, а иста информација објави и ЕХФ.

Лазаров се повреди по 12-тина минути игра против Шпанија, проблем е десниот бутен мускул, но не се знае степенот на повредата.

Чесите, од друга страна, го искористија своето право на замена, правејќи рокада на пивотите, Петер Слахта, на место на Степан Земан.