Уапсениот за убиството на двајцата полицајци во Ајова од порано и е познат на полицијата
Осомничениот за убиството од заседа на двајцата полицајци во градот Де Мојн, во американската сојузна држава Ајова, белецот Скот Мајкл Грин денеска беше уапсен, но се уште не е обвинет. Тој од претходно и е познат на полицијата заради инцидент поврзан за расизам, информираа локалните власти, јавија британските медиуми.
Грин неодамна се судрил со локалната полиција откако мафтал со конфедерациското знаме, што се смета за расистички симбол, меѓу толпа луѓе во моментот кога била интонирана националната химна на почетокот на фудбалски натпревар во едно средно училиште, изјави началникот на полицијата во Урбандејл, предградие на Де Мојн, Рос Мекарти.
Полицијата нагласи дека Грин е белец, како и двајцата убиени полицајци.
Портпаролот на полицијата во Де Мојн, Пол Паризек, на прес конференцијата кажа дека напаѓачот, според досега собраните податоци, немал соучесници.
Овој вооружен инцидент е најнов во низата напади врз полицијата во САД во екот на жестоката јавна дебата за расните прашања и системот на кривична правда во САД, забележуваат британските медиуми.
Полицијата на американската сојузна држава Ајова денеска соопшти дека го уапсила Грин (46), кој се сомничи за убиството од заседа на двајцата полицајци во градот Де Мојн, само неколку часа откако беше идентификуван.
Не е наведен мотивот за двојното убиство.
Ново на Сител
-
За Минчев „Балансерот“ е завршена работа - Вреди се налути
-
Муртезани: Има прецепција дека во МАНУ нема пристап за други етнички заедници
-
Парите од „Мој ДДВ“ ќе се исплатат по ребалансот на буџетот
-
До средината на август економските директори во здравството ќе заминат во историјата
-
Хакери од Македонија направиле хаос со изборните резултати во Венецуела
-
Левица најавува интерпелација за Милошоски – учествувал на Самит за Кина во Тајван
-
Преглед на вестите од светот
-
Пожарите продолжуваат да создаваат проблеми - проблем за гаснењето е ветрот