-->
-->
Уапсени Русинки кои се фотографирале голи во Дубаи
-->
Полицијата во Дубаи уапси група жени под обвинение за ширење неморал, откако биле фотографирани и снимени голи на балкон. Видеото објавено во саботата прикажува група голи жени како стојат и се рекреираат на балконот.
Осум Русинки се меѓу уапсените, како што потврди рускиот Конзулат во Дубаи. Оттаму ги опишуваат обвинувањата како „сериозни“. За кривично дело јавна разврат во Обединетите Арапски Емирати се казнува со затвор и до шест месеци и, парична казна од 5.000 дирхами (околу 1.150 евра).
Бројни закони во оваа земја се засноваат на Шеријатскиот закон, а властите во минатото честопати затвораа лица и за разменување нежност или за хомосексуални односи на јавно место.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка