-->
-->
Уапсени 17 лица кои не ја почитувале одлуката за седумдневна жалост
-->
Вкупно 17 лица на подрачјето на Скопје, Прилеп, Охрид и Куманово во текот на ноќта биле приведени од полицијата под сомнение за непочитување на одлуката на Владата за седумдневна жалост - кривично дело по член 387 од Кривичниот законик.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, 12 лица, од кои едно малолетно, се приведени на подрачјето на Прилеп.
Во Скопје е приведено едно малолетно лице и управител на угостителски објект, во Кичево - еден сопственик на угостителски објект и во Куманово се приведени две лица – менаџер и управител на угостителски објект осомничени дека ја прекршиле донесената одлука.
-По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Околу 2 илјади лица на раб на егзистенција
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Изет Меџити, од Демократско движење
-
„Велигденски Кули“ - Најуникатниот обичај во Македонија
-
Почина папата Франциск
-
Папата Франциск - Единствен кој ја посети Македонија
-
На предлог-извештајот на Вајц за земјава поднесени 313 амандмани
-
Синдикатот на културата утре излегува на протест