Уапсена старица која предводела наркобанда, користеле рецепти за готвење како шифри
Римската полиција ја уапси 70-годишната Бјанка Зарфати, позната под прекарот „тетка Бјанка“.
Како шеф на банда, таа е обвинета за дистрибуција на дрога во северниот дел на Рим, пишува весникот „Ил фато Котидијано“.
Снимки од телефонски разговори откриваат дека членовите на бандата комуницирале едни со други користејќи шифриран јазик, па така тие дрогата ја нарекувале „пржени лепчиња“, „лазања“ или „шпагети со шкампи“.
Кога била уапсена тетка Бјанка се бранела велејќи дека само разменувала кулинарски рецепти.
Бандата била специјализирана за дистрибуција на кокаин, а прислушувањето преку телефон покажало дека се жалат едни на други „дека има малкумина кои сè уште работат сериозно, на стар начин и со кои дадениот збор непорекливо важи“.
Покрај шефицата тетка Бјанка, уапсени се и десетина нејзини соработници, а кај седуммина е утврдено дека добивале месечна парична помош од државата наменета за лица кои немаат никаков или помал приход од минималниот потребан за преживување.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација