Балкан
3. May 2023 - 10:32

Уапсен ученикот кој уби чувар и рани наставничка и четири деца во училиште во Белград | ФОТО

Foto: Oliver Bunic / Ringer

14-годишниот ученик кој уби чувар, рани наставничка и четири деца во училиште во Белград е уапсен и спроведен во полициска станица.

Тој утринава околу 8 часот дошол во училиштето со пиштолот на неговиот татко и почнал да пука.

Пред училиштето се наоѓаат голем број загрижени родители кои ги чекаат свотие деца да излезат од училиштето, како и голем број полициски екипи и неколку амбулантни возила.