Македонија
5. October 2019 - 20:56

Уапсен тинејџер (19) од Куманово, пазарел со фалсификувани илјадарки

Завчера во СВР Куманово, било пријавено дека М.И.(19) од Куманово платил на две места за производи и услуги со фалсификувани банкноти од по 1000 денари.

Истиот ден, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот на ул.„143“ во Куманово, при што пронашле и одзеле 11 фалсификувани банкноти (10 банкноти во апоени од 500 денари и една банкнота во апоен од 1000 денари).

М.И. бил приведен и задржан во полициска станица.

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.