Уапсен сопственикот на Монако
Рускиот сопственик на Монако, Дмитриј Риболовлјев е уапсен во кнежевството поради истрага за корупција и „перење“ над 1 милијарда долари, објавуваат француските медиуми, во уште еден удар за поранешниот француски шампион по катастрофалните резултати и под водство на новиот тренер Тјери Анри.
Весникот „Ле монд“, тврди дека Риболовлјев бил приведен во вторникот во Монако, по што бил пребаруван неговиот дом. Адвокатот Франк Мишел, кој го застапува швајцарскиот трговец со уметнички дела Ив Бувие, поднел барање за претрес на Риболовлјев поради обвинувања за перење пари кои се фокусирани на адвокатот на Русинот.
Риболовлјев, кој своето богатство го заработи со производство на вештачко ѓубре, останува во притвор, а руската амбасада во Париз, објави дека побарала детали од властите во Монако, но дека уште немаат договор.
Русинот го спаси Монако од банкрот во 2011 година, по што имаше фантастичен успех – прво го врати клубот во првата француска лига, а потоа во 2016/17 ја освоија и националната титула. Меѓутоа, оваа сезона по катастрофалниот старт на сезоната тие се на 19. место во Лигата. Тјери Анри минатиот месец беше донесен како нов тренер, но тој нема победа во пет меча, вклучувајќи го вчерашниот пораз од 0:4 дома од Клуб Бриж во Лигата на шампионите.
Ново на Сител
-
Дејвис куп: Македонија стартуваше со максимални 3:0 против Малта
-
Пониква станува рехабилитациски центар за повредените од трагедијата во Кочани
-
Маринците пристигнаа во Лос Анџелес, но сè уште немаат наредба да интервенираат
-
Бројот на жртвите од масакрот во Грац се искачи на 11
-
Црвениот тепих од Канскиот фестивал се продава по едно евро за килограм
-
Витаминот Д може да спречи 30.000 смртни случаи од рак годишно, покажуваат истражувања
-
Тежина, звук и дамка: Клуч за избор на совршена лубеница
-
ЈСП Скопје: Средношколците имаат право на бесплатен јавен превоз за време на летниот распуст