Македонија
13. September 2023 - 18:15

Уапсен охриѓанец кој градел без дозвола - Поднесена кривична пријава

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Д.(52) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Тој, на катарстарска парцела во Охрид, без да поседува соодветна документација за градба издадена од надлежен државен орган, извршил доградба на деловен простор со имотен лист во државна сопственост.

Вонреден инспекциски надзор извршил овластен градежен инспектор при општина Охрид, кој констатирал дека пријавениот доградил и узурпирал државно земјиште без да поседува одобрение за градба.