Уапсен млад Израелец за испраќање закани кон еврејски организации низ светот
Израелската полиција соопшти денеска дека уапсила еден 19-годишен постар тинејџер, со двојно американско и израелско државјанство, осомничен дека им праќал закани за бомбашки напади на еврејски институции и поединци на разни страни од светот.
Во полициското соопштение не се наведува неговиот идентитет, освен што се јваува дека уапсениот бил откриен и приведен на југот од Израел.
Претставник на полицијата им изјавил на домашните медиуми дека уапсениот праќал заканувачки пораки до луге и институции на еврејските заедници во САД, но во Австралија и Нов Зеланд.
Потрагата по него и апсењето го извршило специјалното одделение на израелските безбедносни сили за кибер криминал.
Засега не е познат мотивот на овој млад човек да им се заканува на своите сонародници. Апсењето било извршено во соработка со американското ФБИ.
Американците се интересирале за него, откако во 2015 година тој испратил повеќе заканувачки пораки кон авионската компанија „Делта Ерлајнс“.
Во една прилика, ваквата закана предизвикала авион на оваа компанија итно да биде приземјен, за да се открие „бомбата“ за која било речено дека е „некаде во леталото“.
Безбедносни експерти за кибер криминал тврдат дека станува збор за опасен и многу добро опремен и подготвен престапник за ваков вид кривични дела.
Израелскиот весник „Хаарец“, пак, открива дека уапсениот бил одбиен за служење воен рок во армијата. Во одлуката за одбивање било наведено дека „не е подготвен за војска“.
Ново на Сител
-
Трамп и Путин денеска во Енкориџ, на Алјаска, ќе разговараат за војната во Украина
-
На протестите синоќа низ Србија повредени 42 полицајци, 37 луѓе приведени
-
Без струја денеска делови од Ѓорче Петров, Карпош и Кисела Вода
-
Сончево со температура до 36 степени, нестабилно време за викендот
-
Кац: Израел е решен да го победи Хамас во Газа, ќе дејствуваме како една тупаница
-
Пожарот во ловиштето „Јасен“ сè уште активен, одбраната на објектите на претпријатието продолжува и во текот на ноќта
-
ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија
-
Левит: САД имаат многу алатки за да помогнат во завршувањето на конфликтот во Украина