Македонија
16. December 2020 - 16:44

Уапсен кумановец кој нападнал полициски службеник

Вчера околу 21.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Г.Ј.(45) од Куманово поради основано сомнение дека извршил напад на полициски службеник кој вршел службени дејствија. Лицето е задржано во Полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.

За настанот постапува и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР.