-->
-->
Уапсен 36-годишен скопјанец кој украл пари од туѓ автомобил
-->
Вчера во 19.30 часот на ул.„Среќко Пужалка“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Гази Баба го лишиле од слобода М.И.(36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека околу 16.00 часот на ул„Методија Андонов Ченто“ одзел пари од возило „ауди“, сопственост на В.З.(45) од Скопје, соопштија од МВР.
Одземените пари биле пронајдени кај него и ќе бидат вратени на сопственикот.
М.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Првомајска честитка од претседателот на СПМ Љупчо Димовски
-
Пендаровски: Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава
-
Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш
-
Хотелиерите очекуваат одлична туристичка сезона, исполнетоста за празниците повеќе од половина
-
Одбележување на Меѓународниот ден на трудот ширум светот
-
Денеска е Велика среда
-
ЦУК апелира до граѓаните на внимателност при палење оган на отворено
-
Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест