Македонија
18. March 2025 - 15:48

Уапсен 34 годишен кумановец, се заканувал на 28 годишна жена со која се познавале од претходно

На 18.03.2025 во 01.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Ш.(34) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека допирал по телото и се заканувал на 28-годишна жена од Куманово, со која се познавале од претходно. 

С.Ш. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.