Македонија
27. October 2023 - 10:06

Уапсен 31-годишник- Превезувал нежигосано огревно дрво | ФОТО

На 26.10.2023 во 19.05 часот во с.Колари, кичевско, од полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки во рамки на Одделот за гранични работи при БЈБ приведен е Л.З.(41) од истото село, соопшти МВР.

Тој во патничко возило „сеат толедо“ со кичевски регистарски ознаки, со приклучна приколка, кое го управувал, превезувал нежигосано огревно дрво - бука. Исто така, при негова контрола било констатирано дека Л.З. не поседува никаква документација за дрвата.

Лицето е спроведено во Полициско одделение Зајас и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.