Македонија
19. April 2021 - 11:03

Уапсен 25-годишен скопјанец, при преглед кај него била пронајдена марихуана

На 18.04.2021 во 21.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Карпош го лишиле од слобода М.К.(25) од Скопје, бидејќи кај него била пронајдена марихуана. Исто така, тој постапил и спротивно на член 206 од Кривичниот законик и не ги почитувал донесените мерки за забрана за движење по 20.00 часот. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.