Македонија
5. November 2022 - 12:20

Уапсен 22 годишник, при преглед во неговото возило бил пронајден кокаин

На 04.11.2022 во 20.25 часот во с.Слатино, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ш.С.(22) од с.Требош, тетовско, бидејќи при негов и при преглед на  патничко возило „голф“, со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, бил пронајден и одземен кокаин.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.