Уапсен 19-годишен возач поради сообраќајката на патот Тетово-Гостивар во која загина жена
Полицијата го притвори 19-годишниот А.А. поради сообраќајна несреќа на атопатот Тетово - Гостивар во која вчера попладне загина 81-годишна жена од Охрид.
Во 15.50 часот вчера во СВР Тетово е пријавено дека на автопатот Тетово-Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Пежо” со охридски регистарски таблички, управувано од Г.В.(47) од Охрид и патничко возило „Мерцедес” со регистарски таблички од Р.Словенија, управувано од А.А. (19) од с. Градец. На местото на настанот починала Д.М. (81) од Охрид, сопатничка во возилото „Пежо”, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Гостивар.
Со тешки телесни повреди се здобиле В.В. (47) и С.В. (69) од Охрид, сопатници во возилото „Пежо”, кои со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Ургентен центар Гостивар за укажување на лекарска помош.
Извршен е увид од ОВР Гостивар и јавен обвинител, по чија наредба возачот А.А. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Чомовски, новинар
-
На лекување во странство остануваат 48 повредени во пожарот во дискотеката во кочани
-
Протест во Кочани
-
Конструктивен состанок на лидерите на Вреди, блиску до заеднички настап на локалните
-
ССМ: Ни во синдикалната кошница нема алкохол и цигари, има само одмор во бунгалов во Дојран
-
Затворени четири угостителски објекти во Југоистокот поради недоследности во заштитата од пожари
-
Се зголемува интересот за тутунот кај нас, Македонија втора во светот по Турција за производство на ароматичен тутун
-
Детектирање на проблемот со булингот