Фудбал
21. September 2016 - 8:01

У_21: Променет тереминот на решавачкиот дуел Македонија - Шкотска

Младата репрезентација на Македонија, својот последен натпревар во квалификациите за Европското првенство 2017 година против Шкотска наместо на 8-ми ќе го игра на 11-ти октомври.
 
Имено, поради совпаѓањето на термините со Мундијалските квалификациски натпревари на сениорите кои во Скопје, ќе ги пречекаат селекциите на Израел на 6-ти октомври и три дена подоцна (9-ти октомври) кога ќе гостува Италија, дуелот меѓу младите селекции (за играчи до 21 година) на Македонија и Шкотска е презакажана за 11 октомври со почеток од 18 часот и 45 минути, а ќе се игра на арената „Филип Втори“. 
 
Тоа ќе биде и поголем мотив за младите македонски фудбалери големиот македонски празник 11 Октомври да го надополнат со победа која ширум ќе им ги отвори вратите за пласман на континенталното првенство, што пак ќе претставува историски успех за македонскиот фудбал.