Фудбал
6. October 2017 - 10:57

У_21: Македонија и Србија во борба за бодови

Фудбалските репрезентации на Македонија и на Србија попладнево (15 часот) на комплексот терени на ФФМ „Петар Милошевски“ ќе одиграат натпревар од квалификациската група 7 за ЕУРО 2019 во Италија. Двете селекции досега одиграа по еден натпревар и постигнаа победа. 
Македонија и Србија играа и на ЕП 2017 во Полска натпревар од групата и дуелот заврши 2:2. Во двете селекции има по неколку фудбалери што настапија на тој дуел во Бидгошч.
 
Покрај овој натпревар денеска од 14 часот играат Русија - Австрија, а во понеделникот Ерменија го победи Гибралтар со 1-0.
 
Табела: Ерменија 7 бодови, Русија 4, Србија 3, Австрија 3, Македонија 3, Гибралтар 0.