-->
-->
У19: Македонските фудбалерки со победа ги почнаа квалификациите во Б дивизијата
-->
Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години забележа денеска минимална победа од 1:0 против селекцијата на Литванија во првиот натпревар од квалификацискиот турнир во Б дивизијата.
На стадионот во хрватскиот град Лучко, избраничките на селекторот Астрит Мерко дојдоа до победата во судиското продолжение со автоголот на Јотвиле Шапаите.
Во вториот натпревар од групата Б5, домаќинот на квалификацискиот турнир Хрватска ја совлада Ерменија со 6-0.
На 4. април, во рамки на 2. коло од турнирот, Македонија ќе игра против Ерменија, а во завршното коло, на 7 април против Хрватска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Анализа: Како напредува процесот на дигитализација на УКИМ?
-
Прилеп конечно доби комплетно нова детска градинка, втора по големина во Македонија
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски на „Македонија 2025“: Се соочивме со големи предизвици, но македонската економија има потенцијал
-
Со симулација на сообраќајна несреќа во Прилеп се одбележа 12 мај, Ден на медицинските сестри
-
Младите волонтери во хумана акција
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски