Спорт плус
15. April 2019 - 11:43

У-21: Титулата за Костовски

Во Прилеп кој оваа сезона е центар на повеќето пинг понгарски случувања со учество на оклу четириесет натпреварувачи се одржа третото државно првенство за играчи до 21 година.
 
Во конкуренција на сениори државното првенство не донесе некои неочекувани резултати, во финалето повторно се сретнаа Петар Костовски и Александар Рикалоски.
Својата шанса ја пропушти Филип Костадиновски, кој во полуфиналето и покрај водството од 3:0 во сетови не успеа да го совлада вицешампионот Рикалоски кој на крајот славеше со 4:3. И другото полуфинали заврши со ист резултат Дамјан Стојчев немаше сили за изненадување да го совлада шампионот Костовски.
Костовски во финалето на својот противник, клубскиот соиграч Рикаловски не му дозволи да добие сет, и уверливо со 4:0 славеше во финалето.
 Костовски на државното првенство освои три златни медали, победувајќи во сите категории во кои се натпреваруваше.
 
 Кај сениорките најпријатно изненади Бојана Михајловска која се закити со титулата државен првак во конкуренција на играчи до 21 година,која не дозволи финале Димитриевска - Стојановска, конечно успевајќи на еден турнир да ги победи Ана Стојановска во полуфиналето со 4:3, и во финалето Ива Димитриевска со 4:2. 

Пласман Државно првенство У 21

Сениори У 21

1.Петар Костовски

2.Александар Рикалоски

3.Дамјан Стојчев, Филип Костадиновски

Сениорки У 21

1.Бојана Михајловска

2.Ива Димитриевска

3.Ана Стојановска, Добринка Сотирова

Сениори Двојки У 21

1.П.Костовски / А.Рикалоски

2.Л.Стојчев / Д.Стојчев

3.Л.Гошев / А.Пецов , Ф.Костадиновски / И.Мартиновски

Сениорки Двојки У 21

1.М.Штркова / Д.Сотирова

2.А.Стојановска / С.С.Стојановска

3.И.Димитриевска / Б.Михајловска, В.Богоевска / Б.Ристевска

Сениори Двојки Мешани У 21

1.И.Димитриевска / П.Костовски

2. А.Стојановска / А.Рикалоски

3. Д.Сотирова / Л. Гошев, М.Штркова / Д.Стојчев

Турнирските случувања на пинг понгарската сцена ќе бидат во мирување до 4 Мај, кога во Прилеп ќе се одржи државното првенство во пионерска конкуренција, за потоа да заврши турнирската сезона со ТОП турнирите во сите конкуренции.

Во тој период Државната репрезентација ќе уќествува на Светското првенство во Будимпешта, Унгарија. Државната репрезентација ќе ја претсатавуваат Кристијан Станојковски, Петар Костовски, Ива Димитриевска и Ана Стојановска, кои од понеделник 15 Април заминуваат на подготовки во Зрењанин, по што патуваат во Будимпешта.