Фудбал
28. January 2021 - 19:58

У-21: Македонија против Франција и Србија во следните квалификации за ЕП

Младата фудбалска репрезентација ги доби противниците за квалификациските дуели за ЕП 2023г. Во Грузија и Романија. Нашата селекција е во тешка група со Франција, Србија и Украина
 
Селекцијата на Македонија до 21г. Која во претходниот квалификациски циклус го освои второто место во групата зад Шпанија денеска доби уште една силна група преку која ќе се обиде да обезбеди учество на следниот континентален собир кој ќе се одржи 2023г во Грузија и Романија. 
Избраниците на селекторот Милевски се најдоа во Х-а групата заедно со Франција, Србија, украина, Ф.Острови и Ерменија. 
Најдобрите репрезентации од вкупно 9 групи и најдобрата второплсира ќе учествуваат директно на следното ЕП додека останатите 8 второпасирани екипи ќе играат бараж за уште 4 места.