-->
-->
У-16: Македонија славеше среде Словачка
-->
Македонската репрезентација до 16 години оствари победа од 3:1 против Словачка на првиот од двата контролни натпревари на гостински терен. Нашата кадетска селекција одигра одличен натпревар против квалитетниот противник и сосема заслужено се радуваше на победата. Избраниците на селекторот Добринко Илиевски постигнаа три погодоци, а во текот на средбата не реализиравме уште најмалку три одлични шанси за гол.
Бојан Колевски во 17. минута ни донесе предност од 1:0, а Дарко Чурлинов ја удвои во 24. минута. Домашната репрезентација во 34. минута успеа да намали на 2:1, но Фазлагиќ во 43. минута ја врата позитивата за Македонија од два гола.
Двете селекции во четврток ќе го одиграат возвратниот контролен натпревар. Нашата селекција ја забележа четвртата победа во низа по успехот минатиот месец кога го освоивме развојниот турнир на Уефа во Сан Марино.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсен 29-годишен арачиновец, ограбил казино
-
Манчестер Сити постави рекорд во Лигата на шампионите
-
Стапуваат во сила новите пониски цени на услугите на Агенцијата за катастар на недвижности
-
Волстрит Журнал: Доналд Трамп води со 47 наспроти 45 отсто пред Камала Харис
-
Флик: Ниту еден од моите тимови немаше играч како Рафиња
-
Харис за Си-Ен-ЕН: Трамп го сметам за фашист
-
Ристовски со две асистенции придонесе за триумфот на Динамо над Салцбург
-
Инзаги: Во Лигата на шампионите сите натпревари се тешки