Твининг проект за развој на интелигентен полициски модел
Твининг проект „Развој на напреден и интелигентен систем за прибирање и анализа на информации во борба против организираниот криминал“, финансиран од ЕУ, ќе биде спроведен во Министерството за внатрешни работи.
Целта на проектот, во вредност од 900 илјади евра, е да се развие интелигентно воден полициски модел за централните и регионалните полициски служби, што ќе обезбеди препораки за правните реформи и реорганизација на полициските структури преку поефикасна и ефективна меѓуагенциска соработка во областа на размена на информации.
На денешната промоција за проектот ќе се обратат министерот за внатрешни работи Митко Чавков, раководителот на секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ Мартин Клауке, на директорот на Бирото за јавна безбедност Горанче Савовски, како и на австрискиот амбасадор Ренате Коблер и Паул Марушчек, лидер на проектот од земја членка на ЕУ.
Ново на Сител
-
Иран жестоко го нападна Тел Авив, Израел најавува одмазда
-
Левица инсистира на надзорна расправа во Собранието за трагедијата во Кочани
-
Европскиот фронт смета дека треба да разговара за одговорност за трагедијата во Кочани
-
Земјотрес во Охрид и околината
-
Оружјето низ историјата-раритетна изложба во штипски „Безистен“
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со доктор Катерина Мирчовска, директор на кочанската болница
-
Со владиниот авион ќе бидат евакуирани македонците кои се наоѓаат во Израел