Твининг проект за јакнење на капацитетите за спроведување Рамковната директива за отпад
Во последниот извештај за напредокот на Македонија беше нотирано дека имплементацијата на Рамковната директива за отпад е се уште во најраните стадиуми и дека се потребни економски стимулации за да се подобри состојбата со управување и собирањето на отпадот, истакна денеска заменик амбасадорот на ЕУ во Скопје Мауро Дивероли на почетокот на Твининг проект за јакнење на административните капацитети за спроведување на Рамковната директива за отпад и директивите за посебните текови на отпад, финансиран од ЕУ.
- Европската легислатива за животната средина е една од наjсложените. Управувањето со отпад, неговото транспонирање и спроведување бара големи финансиски средства. Ова се однесува во делот на управувањето со отпад бидејќи креирањето на отпад се зголемува, а со тоа се зголемува и загадувањето на животната средина, нагласи Дивероли.
Според него, досега дел е сработено, но, како што рече, претстои многу работа за спроведување на овој проект. Порача дека ЕУ дава и ќе продолжи да дава својата поддршка.
Заменик амбасадорот на Обединетото Кралството Пол Едвардс рече дека проектот е поврзан со јакнење на административните капацитети и е многу важен за Македонија.
- Административните капацитети не се доволни за да се справиме со отпадот кој се фрла по улиците и ги загадува убавите природни пејсажи во Македонија. Македонија е прекрасна земја, ја прошетав и видов прекрасни паркови, но секаде каде што отидов имаше многу отпад наоколу кој ми го расипа впечатокот за убавината на вашата земја, рече Едвардс и ги повика сите политичари како и новата влада да дадат заложба да не се игнорира овој проблем со отпадот.
Даниел Ефтимов од Министерството за животна средина и просторно планирање порача дека основното јадро на активностите на спроведување на политиките ќе придонесе кон подобрување на стандардите во управувањето со отпад во Македонија. Ќе придонесе и за решавање на проблемите со еколошки несоодветното одлагање на отпад на општините и останатите депонии кои треба технички да се направат со стандардите утврдени со Закон, нагласи Ефтимов.
Проектот ќе го имплементираат експерти од Обединетото Кралство и од Шпанија, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.
Ново на Сител
-
Гостивар: Двајца возачи се судриле со три паркирани возила
-
Иран ќе гради ѕид на границата со Авганистан
-
Калињак: Словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност
-
Две лица го загубија животот, а пет се водат за исчезнати во судар на крузер и чамец на Дунав кај Будимпешта
-
Државјанин на Северна Македонија со „богато“ криминално досие во Грција, уапсен за кражба во дом на Пелопонез
-
Пет лица загинаа, а најмалку 15 се ранети во рускиот напад врз областа Харков
-
Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка
-
Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да се стават во опасност односите со Грција и ЕУ перспективата на земјата