Балкан
2. September 2016 - 18:02

ТВ Н1: Стејт департмент - референдумот во РС е неуставен

Референдумот за Денот на Република Српска најавен за 25 септември не е во согласност со Уставот, изјавија за ТВ Н1 од Стејт департментот укажувајќи дека лидерите треба да работат на тоа да се надминат разликите во интерес на сите граѓани.

– Најавениот референдум за 25 септември се однесува на прашање за кое веќе одлучил Уставниот суд на БиХ и нема да биде во согласност со Уставот на државата, изјавија извори од Стејт департментот за таа телевизија.

Како што нагласуваат, улогата на Уставниот суд е составен дел од Анексот 4 од Дејтонскиот мировен договор и како таков неговите пресуди се конечни, обврзувачки и мора да се почитуваат.