Тужба против Ехуд Барак поради акцијата против турскиот хуманитарен конвој во 2010
Во Федералниот суд во американската сојузна држава Калифорнија е поднесена тужба против поранешниот израелски премиер Ехуд Барак, поради акцијата на израелските специјални сили во мај 2010 година против турскиот конвој бродови, кои носеа хуманитарна помош за Појасот Газа.
Како што јавија американските медиуми, тужбата против Барак ја поднеле родителите на 19-годишниот Фуркан Доган, кој беше еден до деветмината убиени при израелската акција.
Доган, кој имал двојно турско и американско државјанство, бил застрелан во главата додека со камера ја снимал израелската интервенција.
Граѓанската тужбата пред Судот во Калифорнија уследи откако пропаднаа преходните обиди за покренување постапка против Барак пред Меѓународниот кривичен суд во Хаг.
Во тужбата се тврди дека Барак, кој во време на акцијата беше израелски министер за одбрана, е одговрен за воено злосторство.
Американските медиуми наведуваат дека доколку Судот ја прифати тужбата и пресуди во полза на тужителите, можно е тие да добија отштета во износ од неколку десетици милиони долари.
Ново на Сител
-
42 годишна мајка ја подведувала малолетната ќерка на проституција во Свети Николе
-
МВР набави нова машина за печатење лични документи која тројно ќе го зголеми капацитетот
-
Мицкоски: Очекувам добар резултат од преговорите со банките за унгарскиот кредит наменет за компаниите
-
Мицкоски: Потенцијална инвестиција од една милијарда евра во когенеративна гасна постројка
-
Продолжување на судењето на Урош Блажиќ за масовното убиство во Дубона и Малo Орашје
-
Кривична за помошник министер во Центарот за обука - Оштетен буџетот на МВР за 189.777 денари
-
Љутков: Работни групи работат на случајот со Универзалната сала
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје