Балкан
15. November 2015 - 21:19

Турските власти спречиле голем напад, планиран за петокот во Истанбул

Турските власти спречиле голем џихадистички напад, планиран за петокот во Истанбул, кога во Париз беа извршени крвавите терористички напади,соопшти турски владин претставник.

- Сметаме дека подготвувале напад во Истанбул во истиот ден кога беа извршени нападите во Париз. Првите резултати од нашата истрага покажуваат дека сме спречиле голем напад, изјави изворот, кој побарал да остане неименуван, пренесува БТА.