Свет
7. јуни 2017 - 14:14

Турските власти приведоа 60 војници и издадоа наредби за апсење на други 128 лица поврзани со Ѓулен

Турските власти приведоа денеска 60 војници и издадоа наредби за апсење на други 128 лица во операцијата против мрежата на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого турската Влада го обвинува за обидот за преврат во Турција на 15 јули минатата година.

Властите ги привеле војници во акциите, извршени во центалниот турски округ Конја и во уште 32 окрузи, пишува весникот „Хуриет“.

Агенцијата Анадолија јави дека посебно се издадени налози за апсење на 128 лица, поврзани со издавачката компанија Кајнак холдинг, која има врски со движењето на Ѓулен. 

Контролата врз стотици компании како Кајнак, од кои повеќето помали фирми, беше одземена од државата во кампањата на властите, по обидот за преврат и се тие се управувани од управници назначени од властите.

Од 128-те лица по кои се трага, 39 се задржани во операцијата, која се спроведува во Истанбул и уште седум окрузи на земјата.

Турција спроведе по обидот за преврат масовни чистки, при што над 40 илјади лица беа уапсени, а над сто илјади беа отпуштени или остранети од должноста, вклучувајќи професори, полицајци, судии, новинари. ац/ссм/13:06