Балкан
25. July 2016 - 14:15

Турските пазари почнаа да заздравуваат по обидот за пуч

Вредноста на турската лира се зголеми денеска за над еден процент, во услови кога пазарите зазадрвуваат по неуспешниот обид за воен удар во Турција на 15 јули. 

На турските пазари во целина е забележано опоравување по масовната распродажба на средствата минатата недела, што следеше по неуспешнит пуч и цврстиот одговор на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, како и намалувањето на кредитниот рејтинг на земјата од страна на агенциите „Стандард енд Пурс“ и „Фич“. 

Курсот на доларот денеска беше 3,04 турски лири, откако минатата недела американската валута достигна историски максимум од 3,0970 турски лири.

Турската валута загуби 6,7 отсто од вредноста во однос на доларот по обидот за пуч. 

Индексот „Борса Истанбул 100“ се зголеми денеска за 2,8 отсто, а индексот, кој ги обединува обврзниците на турските банки за 2,9 проценти.

Оваа тенденција веројатно ќе им даде слаба утеха на инвеститорите по падот на берзата од 13 отсто минатата недела.