Балкан
28. December 2015 - 9:08

Турскиот премиер во посета на Србија

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу денеска пристигнува во посета на Србија, при што ќе се сретне со српскиот колега Александар Вучиќ и со претседателката на Парламентот, Маја Гојковиќ.

За време на неговиот престој ќе се одржи и српско-турски бизнис форум, на кој ќе бидат претставени можностите за инвестирање на турски компании во Србија.

- Србија очекува оваа година рекордна надворешнотрговска размена со Турција во вредност од една милијарда евра, изјави во октомври српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ.