Свет
7. January 2016 - 15:52

Турскиот министер за здравство тврди дека приврзаниците на Ѓулен сакале да го отрујат Ердоган

Приврзаниците на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во егзил во САД, се обиделе да го отрујат турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, тврди турскиот министер за здравство Мехмет Муезиноглу.

Според Муезиноглу, организацијата, предводена од Ѓулен и определена од Владата како терористичка одблизу го следела службениот и приватниот живот на Ердоган, што е доказ за обидот да го отрујат, пишува весникот „Бугјон“.

- Оние кои прават добри работи секогаш биле предмет на вакви обиди. Тие развија стратегија како да ја урнат државата одвнатре. Тие се како волци, облечени во овча кожа, додаде тој.

Во Турција вчера започна судски процес против Ѓулен и 68 негови приврзаници под обвинение за обид за соборување на Владата на Ердоган.