Балкан
5. July 2016 - 21:13

Турски воен авион се урна во црноморскиот округ Гиресун

Турски воен хеликоптер „Сикорски“ се урна денеска во црноморскиот округ Гиресун, во североисточниот дел на Турција.

Според турските медиуми, во хеликоптерот се наоѓале осум војници, четири жени (сопруги на војниците) и три деца.

Во инцидентот, кој се случил во близина на градот Алуџра, загинало најмалку едно лице, а двајца се потешко повредени. Засега не е позната вистинската причина за несреќата.

Можно е причина за несреќата да биле лошите временски услови. Хеликоптерот летал ниско иимало густа магла.

Кон местото на несреќата веднаш се испратени спасувачки и медицински екипи.