Турски државјанин почина по пад при работа на објект во изградба во Центар
Турски државјанин почина откако работејќи на изградба на објект се здобил со телесни повреди.
Работникот Ф.А. (34) од Република Турција, со привремен престој во Скопје, вчера бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.
-Лицето е примено на ургентен, во 18.30 часот, со тешки повреди. Починат е во 19:20 часот. Примен со крварење од уши, реанимиран е четириесетина минути. Бил паднат од висина од десет метри, така кажаа од брзата помош што го донесоа, информира за МИА директорот на ТОАРИЛУЦ, Александар Трајановски.
Од МВР соопштуваат дека настанот бил пријавен вчера во 18:40 часот.
-Увид извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, информираат од Министерството.
Ново на Сител
-
Втор ден комисиска расправа за ребалансот на Буџетот
-
120 нови дигитални услуги
-
Нов бран превентивни мерки на полицијата
-
Зголемен интерес кај струмичките земјоделци за владините мерки за поддршка
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини
-
Анализа: Како влијае споредбата од еврокомесарката Кос на јавноста?
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор