-->
-->
Турската полиција уапси петмина лидери на ПКК
-->
Петмина лидери на илегалната Курдска работничка партија (ПКК) се уапсени при операција на турските безбедносни сили во југоисточна Турција, соопшти денеска турското Министертсво за внатрешни работи.
Како што јави електронското издание на весникот „Хуриет Дејли Њуз“, петмината курдски бунтовнички лидери, на возраст од 34 до 45 години, се уапсени при операција против ПКК и нејзиното политичко крило, Сојузот на курдските општини, во окрузите Дијарбекир, Анталија и Шамљурфа.
Во соопштението на Министерството се наведува дека петмината уапсени се обвинети за „формирање и раководење со вооружена терористичка организација“ и за „членување во вооружена терористичка организација“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Линеарно зголемување на пензиите – 250 евра за студентите
-
Мицкоски: СДСМ е изведувач на ДУИ
-
Сиљановска: Незивисните се дискриминирани
-
Меџити: Ќе имаме свој кандидат за Скопје
-
Локализиран пожарот во Преспа
-
Тема на денот со Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
Македонија ги живее најтоплите денови: Пикот на топлотниот бран утре и задутре
-
Покачувањето на пензиите и ваучерите за студенти минуваат низ собранискиот филтер