Балкан
19. December 2016 - 11:55

Турската полиција привела над илјада лица во операции против ПКК и ИД

Турската полиција приведе над илјада лица во операции против бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК) и активисти на Исламска држава, извршени минатата недела, соопшти денеска турското Министерство за внатрешни работи.

Силите за безбедност уапсиле 924 лица, осомничени за укажување помош и давање засолниште на борци од ПКК, а приведени се и 88 членови на ИД.

Вкупно 213 операции се преземени против бунтовниците од ПКК минатата недела, прецизира Министерството. 

Во акциите, извршени во 45 окрузи, од 12 до 19 декември биле неутрализирани седум терористи, двајца биле убиени, еден сепаратист бил ранет и уште четворица биле уапсени.

Во операциите се уништени 24 засолништа на терористи, одземени се 700 килограми експлозив, бомби и оружје.