Бизнис
26. January 2021 - 17:04

Туристичките агенции бараат од Владата да не ги заборави во новиот пакет за помош

Да не запре поддршката за исплата на плата. Туристичките работници бараат Владата да не ги остави без помош за јануари и таа да биде исплатена навреме. Стравуваат дека ако се чека петтиот пакет мерки исплатата ќе доцни и вработените ќе останат без плата. Истото се случи и лани летото кога чекајќи го новиот пакет мерки бизнисот остана три месеци без државна поддршка.

Од овој сектор бараат да се зголеми и капацитетот со кој сообраќаат автобусите. Во моментов тие превезуваат со 50% капацитет, а со оглед на тоа дека епидемилиошката состојба се подобрува бараат да работат со 75 или 100% исполнетост. Авионите од стартот на кризата сообраќаат без рестрикции и се прашуваат зошто истото да не важи и за туристичките автобуси кои организираат тури како тие за Врање викендов.

Според проценките на туристичките агенции, обемот на работа во овој период е на ниво од 2% споредено со периодите кога состојбата беше нормална.